Фетел триумфира на Сузука

Возачот на Ред Бул, Себастијан Фетел, триумфираше денеска на трката од Формула 1 за Големата награда на Јапонија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sebastian Vettel
Себастијан Фетел

Возачот на Ред Бул, Себастијан Фетел, триумфираше денеска на трката од Формула 1 за Големата награда на Јапонија.

Sebastian VettelФетел трката ја почна од пол позицијата и предноста ја зачува до крајот на трката.До третата победа оваа сезона, Фетел стигна со време од еден час, 28 минути и 20 секунди.

Возачот на Тојота, Јарно Трули, го освои второ место, додека трет беше актуелниот светски првак Луис Хамилтон.

Водечкиот во генералниот пласман Џенсон Батон трката ја заврши на 15 место.

До крајот на шампионатот преостануваат уште две трки, а следната е на 18 октомври за Големата награда на Бразил.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top