Вернер Хел победник во Супер Џи во Шведска

Италијанецот Вернер Хел е победник на последната трка во дисциплината Супер Џи која се одржа во Оре во Шведска.

 |  Крсте Голабовски  | 
Verner Hel
Вернер Хел

Италијанецот Вернер Хел е победник на последната трка во дисциплината Супер Џи која се одржа во Оре во Шведска.

Verner HelИталијанецот на целта стигна за само седум стотинки побрзо од Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал кој заврши втор. По него е Италијанецот Кристофер Инерхохофер со заостанување од 20 стотинки зад победникот. Норвежанецот ја зголеми предноста во генералниот пласман од Светскиот скијачки куп и сега има 1009 поени пред Австриецот Бенџамин Рајх кој има 907 и Швајцарецот Дидие Киш со 859 поени. До крајот на сезоната се очекува да се одржат уште две трки. Утре е велеслаломот, а в сабота се одржува трката во слалом, исто така во ски-центарот Оре во Шведска.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top