Возачот на Ред Бул Марк Вебер ја постигна својата прва победа во Формула 1 откако стартуваше и од пол позицијата за германското Гран при кое се возеше на пистата „Нирбургринг“.
Возачот на Ред Бул Марк Вебер ја постигна својата прва победа во Формула 1 откако стартуваше и од пол позицијата за германското Гран при кое се возеше на пистата „Нирбургринг“.
Вебер трката ја заврши со време од 1 час 36 минути и 43 секунди. Со тоа Австралијанецот стана 102. возач во Формула 1 што се искачил на највиското место на победничкиот пиедестал.
За комплетна победа на неговиот тим се погрижи Себастијан Фетел, кој го освои второто место, додека трет заврши возачот на Ферари Филипе Маса. Бодови на денешната трка уште освоија Батон, Розберг, Баричело, Алонсо и Ковалаинен.
Во генералниот пласман водството го задржа Џенсон Батон со 68 бодови, пред Фетел со 47. Кај конструкторите води Браун ГП со 112 бодови.
Следната трка се вози за Големата награда на Унгарија на патеката во Хунгароринг по 14 дена.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град