Валенда на јаже преку кањонот во Колорадо

Американецот Ник Валенда (34) уште еднаш го потврди епитетот „Крал на кањоните“, откако стана првиот човек што на јаже успеа да мине преку клисурата „Гранд Кањон“ за помалку од 23 минути.

 |  Голабовски Крсте  | 
Nik Valenda
Ник Валенда

Американецот Ник Валенда (34) уште еднаш го потврди епитетот „Крал на кањоните“, откако стана првиот човек што на јаже успеа да мине преку клисурата „Гранд Кањон“ за помалку од 23 минути.

Nik ValendaЗа време на подвигот, тој не користеше никаква заштитна опрема, освен стап за држење рамнотежа. Тој за 22 минути го мина Големиот кањон во Источна Аризона длабок 500 метри, чекорејќи по јаже дебело пет сантиметри и долго 400 метри.

Валенда кој лани мина и над Нијагарините водопади, изјави дека за овој подвиг се подготвувал целиот живот.

Со одење по јаже почнал на 4-годишна возраст и и припаѓа на седмата генерација на легендарното семејство Валенда, што се занимава со овој опасен спорт.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top