Викендов во Скопје, на стрелштето во гимназијата Раде Јовчески Корчагин, се одржа последниот петти Куп во гаѓање со воздушно оружје- меѓународна програма, на кој учество зедоа 11 стрелци од Стрелачкиот клуб „Охрид“, сите во јуниорска категорија.
Викендов во Скопје, на стрелштето во гимназијата Раде Јовчески Корчагин, се одржа последниот петти Куп во гаѓање со воздушно оружје- меѓународна програма, на кој учество зедоа 11 стрелци од Стрелачкиот клуб „Охрид“, сите во јуниорска категорија.
Во категорија на јуниори, Гоџоски Мартин застана на првата позиција со резултат од 371,6 кругови или во севкупен пласман-категорија мажи е третопласиран. Попоски Васко со резултат од 564,6 кругови е третопласиран кај јуниорите, односно петтопласиран во севкупен пласман. Големо изненадување направи Иво Илинчев, кој го постави својот личен рекорд од 558 кругови, а воедно се пласира на петтата позиција во јуниорска категорија.
Кај јуниорките нашата нова надеж Мартина Петровска заврши како третопласирана со резултат од 389 кругови, односно четвртопласирана во севкупен пласман-жени.
На четвртата позиција се пласира Ангела Алексовска со резултат од 387,5 кругови, а веднаш зад неа е Јана Маркоска со резултат од 375,5 кругови. Преостанатите места до десетта позиција резервирани за новите спортски надежи на македонското стрелаштво, кои имаат по 12-13 години и за кои ова е прва година во која настапуваат на меѓународна програма. Стефани Ефтимовска со резултат од 353,3 круга е седмопласирана, Луана Поповски е осма со резултат од 347,5 деветтопласирана е Мила Василеска со резултат од 337,4 круга. На десеттата позиција е Марија Магдалена Шишкоска со резултат од 334,8 кругови. На последната позиција се пласира Мартина Кочовска со резултат од 272,2 кругови.
Раководството и стрелците на СК „Охрид“ им ја честитаат Новата Година и Божиќните празници на сите наши согрѓани, со надеж дека работите ќе се сменат, успесите ќе бидат уште поголеми, зошто успесите на поединците од градот, се успех и за целиот град.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град