Успешен настап на македонските едриличари на црногорскиот куп

На меѓународната едриличарска регата Монтенегро куп 2011, која се одржа во Херцег Нови Црна Гора, езерските едриличари се вратија со медали.

 |  Крсте Голабовски  | 
edrilici
едрилици

edriliciРезултати за поздрав. Едриличарите и од охридските и струшките клубови, покажаа вистинско умеење во овој спорт, совојувајќи неколку медали на неодамна одржаната едриличарска регата во Херцег Нови Црна Гора, под наслов Монтенегро Куп 2011. На регатата зедоа учество педесетина едриличари од Србија, Хрватска , Македонија, Албанија и Црна Гора. Се натпреваруваа во класите Оптимист, Ласер 4.7 и Ласер радијал.Се одржаа осум регатни трки во различни временски услови, првиот ден на умерено југо,вториот ден на засилена бура со јаки налети на ветерот и третиот ден блага трамонтана.

Во најбројната класа со 39 едрилици Оптимисти-генерално Новица Велјаноски од ЕК Бофор- Охрид го освои бронзениот медал, Дамјан Поп-Стефанија од ЕК Далга -Охрид го освои 6-то место, Илче Грунче 10-то , Игор Каневче 13-то,Иво Илинчев 14-то од ЕК Бофор-Охрид, Златко Златески 15-то, Ардијан Фејзулоски 18-то, Никола Чуркоски 20-то од ЕК Снегар- Струга.

Во класата Оптимист до 12 години од 26 едриличари супериорно првото место и златниот медал го освои Дамјан Поп-Стефанија од ЕК Далга Охрид, Игор Каневче 4-то и Иво Илинче 5-то место од Бофор-Охрид, Златко Златески 8-мо место од ЕК Снегар-Струга.

Во класата Ласер 4.7 учествуваа девет едрилици, Ердал Лушо од ЕК Снегар-Струга запаѓајки во заветрина во последнта трка го загуби бронзениот медал и го освои 4-то место, на 5-то место се пласира Димитар Поп-Стефанија од Бофор-Охрид.

Македонските едриличари покажаа вистинска умешност  во едрењето спротивставувајќи се на морските едриличари во нивни услови на едрење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top