Двајца тенисери се наоѓаат под истрага на шведската полиција поради наводно ангажирање на проститутки во пресрет на почетокот на АТП турнирот во Стокхлом.
Двајцата тенисери, кои засега се идентификувани само како странски државјани, биле задржани во полиција откако во раните утрински часови во неделата влегле во хотелот во Стокхолм заедно со придружбата, објавува шефот за истрага Џонас Троле.
Шведската новинска агенција „Афтонбладет“ подоцна известува дека и двајцата осомничени се тенисери, но само еден од нив е пријавен за настап на АТП турнирот во Стокхлом, кој започна вчера.
Шведскиот закон за проститутки е навистина необичен, бидејќи ги казнува сите оние кои бараат и плаќаат само секс, а не самите проститутки.
Организаторите на Стокхлом Опен во кратко соопштение изнесуваат дека не би било професионално да се даваат било какви коментари во врска со овој случај, со оглед на тоа дека истрагата е сеуште во тек.
Гласноговорникот на турнирот Пеле Хјертгист за „Асошиејтед Прес“ изјави дека без оглед на истрагата никому нема да му биде забранет настапот на турнирот.
Шефот за истрага додава дека тужителот во овој случај издал своевидна казна која на осомничените им овозможуа избегнување судење доколку потпишат признание за помал прекршок.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град