Уште четири натпревари за РК Охрид 2013 пред историскиот плеј оф

По интензивните подготовки за време на зимската пауза, тие последните натпревари во регуларниот дел ќе ги одиграат како своевидна подготовка за самиот плеј оф. 

 |  Мишел Наумоски  | 
rk ohrid 2013

Охридските гладијатори подготвени за првиот, историски настап во плеј офот на машката ракометна Супер лига. После интензивните зимски тренинзи и со само два одиграни пријателски натпревари, со почетокот на пролетниот дел од лигата, односно одигрувањето на четирите последни натпревари од регуларниот дел, тие ќе се обидат да влезат во потребниот играчки ритам за најзначајниот дел од првенството. Тренерот на РК Охрид 2013, Горан Андоноски вели дека моментално работат на комплетирање на екипата како би биле конкурентни на имиња како Вардар, Металург, Прилеп, Струмица и Работнички.

plej off rk ohrid“Единствен проблем моментално ни е бековската позиција, каде после отпуштањето на Мите Караиванов кој поради повреда не можеше да ги издржи подготовките, имаме проблеми и со Иван Стојановиќ последното наше засилување со виза, се надевам дека деновиве ќе се среди и тој проблем, веќе десет дена не е со нас, така да на бековската позиција во овој момент навистина имаме проблем, тука едиствено класичен лев бек е само младиот Новаковиќ кој ретко добива шанса, меѓутоа сега ќе мора да добие шанса. Управата не стои со скрстени раце, се ангажираше во изминативе денови и веќе од понеделник на проба доаѓа еден алжирски интернационалец, баш на таа позиција, неговите квалитети не ги знаеме во целост, тој ќе дојде на проба на три месеци, и ако се покаже како добар, ќе остане во нашиот клуб.”-вели тренерот на  РК Охрид 2013, Горан Андоноски.

Дека амбициите се големи, но и желбата за историски резултати говорат и самите играчи.

rk ohrid 2013 plej off“Со овие четири натпревари што ни остануваат во регуларниот дел мислам дека ќе ни послужат како подготвителни натпревари за она што не очекува, главното, плеј офот во оваа сезона. Направивме еден историски успех за екипата на Охрид, мислам дека досега немаат играно плеј оф. Ќе се потрудиме во плеј офот, еве давам збор, ќе се потрудиме да излеземе во Европа оваа година.”-рече Кирил Колев, капитен на РК Охрид 2013.

Од управата на клубот за сите љубители на ракометот и секако навивачи на Охрид 2013 за плеј оф натпреварите подготвија и блок билети со кои охриѓани ќе можат да ги погледнат сите врвни пресметки во спортско рекреативниот центар “Билјанини Извори”.

ribari“За сите љубители на ракометот кои сакаат во плеј офот да ги гледаат овие екипи кои ги кажав претходно би апелирал со оглед на тоа дека сепак ќе има ограничен број на блок билети, да побрзаат, продажбата ќе започне од понеделник на влезот на СРЦ “Билјанини Извори”, мислам дека ова е една доста популарна цена, 300 денари за 5 натпревари со екипи од калибарот на Вардар, Металург и Струмица мислам дека е една добра цена за охриѓани, и сметам дека ќе претставува еден магнет за сите љубители на спортот.”-изјави спортскиот директор на  РК Охрид 2013, Ѓоко Апостолов.

Инаку првиот од четирите натпревари од пролетниот дел се случува во недела, со почеток од 18 часот. Додека од 20ти април започнуваат разигрувањата во плеј офот со кои практично ќе се одлучи кој ќе биде освојувач на годинешната титула во ракометната Супер лига. РК Охрид 2013 за прв пат во своето постоење има можност да се натпреварува за ваква титула, а воедно и за излез во некое од европските натпреварувања.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top