Усеин Болт со нов светски рекорд

Трикратниот олимписки шампион Уесин Болт профучи преку привремената патека навлажнета од дождот, поставувајќи најдобар резултат во светот на 150 м во уличната трка во Манчестер.

 |  Крсте Голабовски  | 
Usein Bolt
Усеин Болт

Трикратниот олимписки шампион Уесин Болт профучи преку привремената патека навлажнета од дождот, поставувајќи најдобар резултат во светот на 150 м во уличната трка во Манчестер.

Организаторите потрошија часови за да го избришат секое вирче вода на специјалната патека откако силен дожд се истури врз градот во северниот дел на Англија пред трката. Светскиот рекордер на 100 м и на 200 м нивниот труд го награди со истрчените 14,35 сек., со кои значително го подобри досега рекордното време од 14,8 сек. што го оствари Италијанецот Пјетро Менеа во далечната 1983 година.

Usein BoltПобедата во неделата го заокружи викендот за паметење на Болт. Ден претходно 22-годишниот Јамајчанец го гледаше својот омилен фудбалски клуб Манчестер јунајтед како ја освојува титулата во Премиерлигата на „Олд трафорд“, а потоа беше поканет да присуствува и на свечената вечера организирана од играчите. Тој ги запозна играчите на Алекс Фергусон, го гледаше нивниот тренинг пред мечот со Арсенал во кој ремизираа без голови, па дури и го учеше Кристијано Роналдо на нов начин на прославување гол.

„Се ракував со сите играчи и ги гледав како играат. Тоа беше навистина забавно. Почнав да навивам за нив поради Руд ван Нистелрој. Ги имам гледано доста. Тој си замина, но јас продолжив да навивам за нив бидејќи се шампиони“, им изјави Болт на новинарите. „Не сум во најдобра форма, но полека влегувам. Не дојдов тука за да се зафркавам наоколу, дојдов за да победам“.

Минатиот месец Болт се извлече неповреден откако ја загуби контролата врз своето возило, кое се преврте на покривот. Тој излезе од возилото на нозе и имаше незначителни повреди на стапалата кои бараа мала хируршка интервенција.

Болт сега се подготвува за Светското првенство што ќе се одржи во август во Берлин.

„Главна цел во моментов ми е да влезам во форма за Берлин“, вели тој. „Луѓето ќе очекуваат од мене да направам прекрасни работи повторно, но јас сакам само да победам. Ако притоа соборам некој рекорд – супер, но победувањето ми е на прво место“.

Освојувачката на бронзен медал на 200 м на Олимпијадата во Пекинг, Деби Фергусон-Мекензи од Бахами, ја победи олимписката и светска првенка на 400 м, Британката Кристин Охуруогу, во женската трка на 150 м. Светскиот рекордер во маратон Хајле Гебрселасие од Етиопија, пак, вторпат триумфира на трката на 10 км.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top