Се урна стадион во главниот град во Парагвај

Двајца полицајци загинаа, а пет други лица се здобија со тешки повреди.

 |  Крсте Голабовски  | 
stadion
стадион

Двајца полицајци загинаа, а пет други лица се здобија со тешки повреди.
Инаку, лани ФИФА соопшти дека овој стадион е во добра состојба и оти во него може да се играат квалификациските натпревари за Светскиот куп и за Светското првенство догодина во Јужноафриканската Република.

Несреќата се случи во текот на одигрувањето на фудбалскиот меч меѓу аматерски екипи на Парагвај. Се урна поголем дел од бетонот на трибината кој од височина од седум метри падна врз двајца полицајци припадници на единицата за итни интервенции. Од Парагвајската фудбалска федерација соопштија дека стадионот ќе се затвори, а одложено е и националното првенство кое требаше да започне.

stadionНа стадионот „Дефенсорес дел Чако“ во Асунсион во изминатите години се играа мечевите на репрезентацијата на Парагвај и многу други средби од Копа Либетадорес. Во 1999 година во текот на одигрувањето на мечевите од рамките на Копа Америка овој стадион беше главен, а лани ФИФА соопшти дека тој е во добра состојба и оти во него можат да се играат квалификационите натпревари за Светскиот куп и за Светското првенство догодина. Следниот меч на Парагвај на овој стадион беше предвиден да се одигра во јуни и тоа против Чиле во рамките на квалификациите за Светското првенство. Раководните луѓе на Копа Либертадорес го одложија и мечот меѓу Национал од Парагвај и Ел Национал од Еквадор. Стадионот „Дефенсорес дел Чако“ беше единствениот кој имаше лиценца од ФИФА за одигрување на меѓународни натпревари. Сега по овој инцидент го губи таквото право.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top