Маичката на светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ, која по завршувањето на финалниот дуел на Австралија Опен и беше буквално откраднат од пред рака на 14-годишната Мелиса Кук повторно заврши во нејзините раце откако на една аукција мајката на Мелиса се одлучи да ја откупи за 5.500 долари од омразената Џоел Ротшилд која ја грабна пред тинејџерката.
Случајот со маичката на Новак Ѓоковиќ ја поткрена австралиската јавност. Мелиса Кук ги доби симпатиите на австралиската нација, а нејзината тага по загубениот сувенир стана топ сторија во оваа земја.
Откако „крадецот“ Џоел Ротшилд пак изјави дека нема намера да и ја врати маичката на Мелиса почна да добива смртни закани по што се одлучи да се откаже од незаслужено добиениот сувенир, но од целата ситуација успеа и да профитира. На аукцијата мајката го купи „сувенирот“ за својата ќерка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град