УЕФА го возвраќа ударот

УЕФА ја продолжи својата борба со мафијата за местење натпревари и сите оние кои учествувале во местењето на нивните резултати.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

УЕФА ја продолжи својата борба со мафијата за местење натпревари и сите оние кои учествувале во местењето на нивните резултати.

Michel PlatiniТоа повторно го најави Мишел Платини, претседателот на УЕФА, и тоа откако што во Нион стигна ажурирано известување по истрагата која ја покрена Германското државно обвинителство.

„Доколку го знаеме резултатот на натпреварот пред да започне, фудбалот ќе пропадне. Децата ќе престнат да играат, луѓето ќе престанат да гледаат. Ќе ги ангажираме сите можни средства за да се бориме против оние кои лажат.“ – изјави Платини.

„Го зацврстивме Составот за откривање на наместени натпревари, кои ќе ги нагледуваат обложувалниците 24 часа на ден, седум дена во неделата и 365 дена годишно.“ – додаде генералниот секретар на УЕФА Џани Инфантино продолжувајќи:

„Жестоко ќе го казниме секој кој манипулирал со резултатите од фудбалските натпревари. Воспоставивме соработка со полицијата за да бидеме сигурно дека тие криминални групи ќе завршат во затвор. Сакаме да го отстраниме туморот од фудбалското тело додека не биде предоцна. Тоа е предизвик, но ние сме подготвени.“

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top