Фудбалерите на Барселона во синоќешното финале на „Олимпико“ во Рим го совладаа големиот ривал и досегашен првак во Лигата на шампионите, Манчестер Јунајтед со 2:0.
Фудбалерите на Барселона во синоќешното финале на „Олимпико“ во Рим го совладаа големиот ривал и досегашен првак во Лигата на шампионите, Манчестер Јунајтед со 2:0.
Ова е трета титула по 1992 и 2006 година за Каталонците во ова натпреварување остварена во шестото финале.
Со сигурна игра и доминација речиси во текот на целиот натпревар Барселона до пехарот стигна со головите на Ето во 10-тата минута и на Меси во 70-тата минута. Тоа беше 9-ти гол на Аргентинецот оваа сезона со што го доби епитетот најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Со тоа е прекината серијата од 25 натпревари без пораз на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.
Барселона со оваа победа го освои и третиот пехар сезонава (претходно титула и куп во Шпанија), додека нивниот тренер Пеп Гаврдиола во дебитанската сезона на клупата ги освои сите почести.
Тренерот на Манчестер, Алекс Фергусон го призна поразот и смета дека првиот погодок бил решавачки.
– Мислам дека првиот гол беше убиствен, тие постигнаа гол од својот прв напад и тоа бше лош старт на натпреварот за нас. Стартувавме одлично, многу самоуверено, но по примениот гол бевме малку нервозни, тие можеа цела вечер да ја држат топката, ние едноставно ја немавме доволно. Имавме неколку добри полушанси во вториот дел, се надевавме дека ќе одиграме подобро, но загубивме од подобар тим. Не бевме на нашето најдобро ниво, после првиот примен гол беше тешко, изјави Фергусон за „Скај Спорт“.
Тренерот на новиот европски шампион рече дека титулата е заслужена и оти напораната работа сезонава крајот им се исплатила.
– Меси беше повлечен во средниот ред бидејќи сакавме да доминираме во поседот на топката. Не сме најдобриот тим во историјата, но ја одигравме најдобрата сезона во историјата со тоа што ги освоивме трите титули, нагласи Гвардиола.
Тој вели дека не очекувал таков офанзивен почеток од Манчестер Јунајтед кој доминираше само во почетните минути, додека Ето резултатски не го отвори натпреварот.
-Не го очекував тоа. Манчестер силно притисна и ни создаде проблеми но голот на Ето заврши фантастична работа за нас, изјави Гвардиола.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град