Тренерот Болтиери предложи казни за најбучните тенисери

Еден од најпознатите тениски тренери, Американецот Ник Болетиери изјави денеска дека „најбучните“ тенисери на Вимблдон, како и на другите турнири, би требало да се казнуваат.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Еден од најпознатите тениски тренери, Американецот Ник Болетиери изјави денеска дека „најбучните“ тенисери на Вимблдон, како и на другите турнири, би требало да се казнуваат.

Во авторски текст во лондонски „Индепендент“, посветен на почетокот на годинешниов тениски турнир во британскиот главен град, Болитиери предлага одземање на поени за тенисерите и тенисерките кои „испуштаат силни крикови“ при сервирањето и при удирањето на топчето, па дури и дисквалификување на ваквите играчи.

teniserkaСпоред овој стручњак, чија тениска „школа“ во Флорида ја имаат посетувано Моника Селеш, во времето кога беше југословенска тенисерка, како и Русинката Марија Шарапова и Американката Серена Вилјамс, меѓу другите, верува дека испуштањето силни крикови и „бучното“ играње тенис, претставуваат еден вид мамење во играта, а секако се начин кој води кон деконцентрација на противникот.
Неговата ученичка, Португалката Ларсер де Брито, при удирањето на топчето испушта крик со јачина од 109 децибели, што е само 11 децибели помалку од бучноста на авионите при нивното полетување.
Американката Мартина Навратилова, деветократна победничка во Вимблдон се согласува дека бучноста на тенисерките е еден вид мамење во играта. Повеќе други играчи, учесници на годинешниов турнир, се согласуваат со Навратилова и со мислењето на Болетиери, но не се сите подготвени тоа да се казнува.

Турнирот во Вимблдон, познат и како „неофицијално светско првенство“, почна денеска во „нарушен“ состав по откажувањето на Рафаел Надал, кој поради незалечената повреда на коленото не ќе може да ја брани минатогодишната титула. Тоа е втор случај во историјата на овој турнир, прв пат оддржан во 1877 година, победникот од претходно оддржаниот турнир, да не може да ја брани титулата.
Сега најголеми шанси за победничкиот пехар одново му се даваат на Розе Федерер, кој како што рече, сака да го достигне и рекордот на Американецот Пит Сампрас, кој шест пати победувал на Вимблдон.
Како прикриен фаворит за прв пат по неколку децении, се јавува и Британецот Енди Мари кој изминатата година на неколкупати го совлада Федерер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top