Во Спортската сала Билјанини извори почна поставувањето на Тарафлексот кој пристигна вчера.
Во Спортската сала Билјанини извори почна поставувањето на Тарафлексот кој пристигна вчера.
Во салата денеска дојдоа германските експерти кои во целост ја средуваат внатрешноста на салата. Околу спортската сала „Билјанини извори“ интезивно се обележуваат паркинг местата, се уредуваат зелените површини, се поставуваат граничници пред главниот влез и се шминка надворешноста од салата.
Кога ќе се влезе внатре се осеќа мирисот на свежи бои, како и на новиот Тарафлекс на кој работат германски експерти ангажирани за поставување на истиот.На влезот од салата се поставени информациони табли како и план за евакуација.
За ЈП „Билјанини Извори“ останува уште да ги средат зидовите позади головите, за кои европската ракометна комисија имаше негативни коментари. Тие нагласија дека треба нешто да се превземе во врска со тоа бидејќи истите не изгледале добро за гледачите пред малите екрани. Директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“ изјави дека е задоволен од досегашниот тек на работата во и околу салата, тој додаде дека за една недела салата ќе биде средена по европски стандарди. Со оглед на тоа дека од почетокот на Европското првенсто не дели една недела може да се каже дека ова е големо освежување за Охрид и за спортската сала.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град