Тајгер Вудс тешко повреден во автомобилска несреќа

Играчот број еден во светскиот голф Тајгер Вус е тешко повреден во автомобилска несреќа на Флорида.

 |  Крсте Голабовски  | 
Tiger Woods
Тајгер Вудс

Играчот број еден во светскиот голф Тајгер Вус е тешко повреден во автомобилска несреќа на Флорида, јавија локални медиуми во јужната американска држава.

Tiger WoodsАвтомобилот на 33-годишниот Вудс се удрил во хидрант, по што се „забил“ во дрво. Несреќата се случила во близина на неговиот дом во Виндермајер, предградие на Орландо.
Тајгер Вудс бил пренесен во болница во сериозна состојба, каде што лекарите се борат за неговиот живот.
Вудс е број еден во голфот, еден од најбогатите спортисти во светот и еден од најплатените лица во спортскиот маркетинг.
Тој направи триумфално враќање претходно оваа година, откако пропушти поголем дел од минатогодишната сезона поради операцијата на коленото. Вудс беше опериран откако ја освои 14-та титула на Отвореното првенство на САД во 2008 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top