Тиери Анри ќе треба дебело да го плати неверството

Екс напаѓачот на Арсенал – Тиери Анри ќе треба дебело да го плати неверството откако постигна вонсудски договор за одштета која следи по нивниот развод.

 |  Крсте Голабовски  | 
Tieri Anri
Тиери Анри

Екс напаѓачот на Арсенал – Тиери Анри ќе треба дебело да го плати неверството откако постигна вонсудски договор за одштета која следи по нивниот развод.

Фудбалерот и 27 годишната Клер Мари се договориле за износот, откако судот во јули неможеше да постигне взаемно прифатлив договор.Разводот, според британските медиуми, бил поттикнат од романтична СМС порака од друга девојка – која Клер ја пронашла во мобилниот на својот сопруг.
Таа уште пред повеќе од една година поднела барање за развод, по 4 години брак со славниот фудбалер.Блиска пријателка на Клер за “The Sun” изјави: “Клер е задоволна. Ни таа ни Анри не сакаа да се враќаат на суд бидејќи и двајцата продолжија со своите животи.

Tieri AnriСреќна е со договореното. Таа вели дека тоа е близу до бројката од 10 милиони евра, колку што таа посакувала.”
Играјќи за Барцелона, Анри о моментов заработува 150,000 евра неделно.Парот има двегодишна ќерка, а се запознале на снимањето на тв реклама за Renault.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top