The thrilla in Manila – Сеќавање на Џо Фрејзер

Легендарниот боксер Џо Фрејзер во својата богата кариера беше поразен само четири пати на 32 борби, но синоќа на 67-годишна возраст ја загуби борбата со ракот.

 |   | 
Dzo i Ali
Dzo i Ali

Dzo i AliЛегендарниот боксер Џо Фрејзер во својата богата кариера беше поразен само четири пати на 32 борби, но синоќа на 67-годишна возраст ја загуби борбата со ракот. Американецот имаше рак на црниот дроб и по кратко боледување замина во вечното почивалиште. Фрејзер најмногу ќе биде запаметен по трите епски борби со Мухамед Али. Тој беше првиот што успеа да го порази Али и тоа со нокаут во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк во март 1971 година.

„Секогаш ќе се сеќавам на Џо со почит и восхитување. Сакам да изразам длабоко сочувство до неговото семејство“, изјави Мухамед Али преку соопштение. Кариерата на Фрејзер ја одбележаа трите борби со Али, кој го сметаше за најголем ривал. По поразот на нивната прва средба, Али успеа да му се реваншира на Фрејзер во следните два наврати. Најпрвин во „Медисон сквер гарден“ три години подоцна по првиот пораз, а потоа и една година подоцна во Манила во можеби најбруталниот боксерски меч во историјата на спортот.
Dzo i Ali
По 14 неверојатни рунди, тренерот на Фрејзер, Еди Фуч, го прекина мечот поради тоа што неговиот боксер не можеше да гледа. Али подоцна во една прилика ќе изјави: „Тоа беше борба во која бев најблиску до смртта“. По епската борба во Манила, тој се бореше само уште двапати. Во 1976 година беше нокаутиран од Џорџ Формен во петтата рунда, по што го најави своето повлекување од спортот. Фрејзер направи кам-бек во 1981 година против Флојд Камингс и откако борбата заврши нерешено, објави дека заврши со спортот засекогаш.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top