Светски куп во параглајдинг

Н.П. Галичица од 1 до 2 Август ќе биде домаќин на Светскиот куп во параглајдинг.

 |  Николовска Биљана  | 
параглајдерист

Н.П.Галичица од 1 до 2 Август ќе биде домаќин на Светскиот куп во параглајдинг. 100-тина пилоти на параглајдер, од 11 држави од светот ќе го обојат Охридското небо помеѓу двете езера.
Гостите а и охриѓани ќе имаат можност да бидат дел од височините, кои ретко се доживуваат. Параглејдингот кој важи за екстремен спорт и за кој е потребна добра психофизичка подготвеност годинава организирано и во Охрид. Во Македонија има 250 пилоти на параглајдер кои имаат положен испит.

Председателот на параглајдинг клубот „Делта“, од Прилеп Кире Гиноски вели, „Филингот да се биде во воздух заедно со птиците неможе да се опише, треба само да се доживее“.
параглајдеристКако организатор се јавува НП Галичица, а од таму велат дека досега параглајдингот постоел самоиницијативно а годинава за прв пат влегува во рамка на светско првенство.

Во Македонија параглајдингот завзема се поголем замав. Интересно е што досега нема параглајдерист од Охрид. Ова светско првенство може да биде иницијатива за почеток. Според светската статистика најбезбедни часови поминати во воздух се оние со параглајдер. Параглејдингот како спорт е опасен или безбеден онолку колку што сакаат пилотите велат стручните лица . Досега во Македонија се слуичени само два несреќи  на странски пилоти на параглајдер.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top