Свечено отворање на летната Универзијада во Белград

Свеченото отворање на 25. летна Универзијада, која од денеска до 12 јули во Белград ќе собере 8.500 спортисти од 144 земји, ќе почне вечерва во белградска „Арена“, а на овој спектакл ќе му претходат дефиле на учесниците и палење на универзитетскиот факел.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Свеченото отворање на 25. летна Универзијада, која од денеска до 12 јули во Белград ќе собере 8.500 спортисти од 144 земји, ќе почне вечерва во белградска „Арена“, а на овој спектакл ќе му претходат дефиле на учесниците и палење на универзитетскиот факел.

 

logoСвечениот почеток на дефилето, на кое ќе учествуваат околу 7.000 спортисти и волонтери од 143 земји, ќе биде означен со испалување на конфети, а колоната ќе ја предводи репрезентативниот оркестар на Гардата на српската војска.

Сите спортови кои ќе бидат на Универзијадата ќе бидат претставени попладнево, а дел од белградските улици ќе бидат поставени опреми за пинг-понг, џудо, мечување, ватерпол, фудбал и други спортови.Волонтерите на Универзијадата и деца од околу 40 белградски училишта, на кои амбасадите им обезбедија навивачки симболи, ќе ги повикуваат граѓаните да се обидат во некои од спортовите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top