Свеченото отворање на 25. летна Универзијада, која од денеска до 12 јули во Белград ќе собере 8.500 спортисти од 144 земји, ќе почне вечерва во белградска „Арена“, а на овој спектакл ќе му претходат дефиле на учесниците и палење на универзитетскиот факел.

Свечениот почеток на дефилето, на кое ќе учествуваат околу 7.000 спортисти и волонтери од 143 земји, ќе биде означен со испалување на конфети, а колоната ќе ја предводи репрезентативниот оркестар на Гардата на српската војска.
Сите спортови кои ќе бидат на Универзијадата ќе бидат претставени попладнево, а дел од белградските улици ќе бидат поставени опреми за пинг-понг, џудо, мечување, ватерпол, фудбал и други спортови.Волонтерите на Универзијадата и деца од околу 40 белградски училишта, на кои амбасадите им обезбедија навивачки симболи, ќе ги повикуваат граѓаните да се обидат во некои од спортовите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град