Супериорниот Фетел

Млад и талентиран, така обично го опишуваат Себастијан Фетел. Сега на тоа може да се додаде и супериорен. Со победата во Индија, Фетел предвреме ја обезбеди четвртата едноподруго титула.

 |  Голабовски Крсте  | 
Sebastijan Vetel
Себастијан Фетел

Млад и талентиран, така обично го опишуваат Себастијан Фетел. Сега на тоа може да се додаде и супериорен. Со победата во Индија, Фетел предвреме ја обезбеди четвртата едноподруго титула.

Sebastijan VetelМногумина Фетел го споредуваат со легендарниот трикратен шампион Ники Лауда, особено откако во кината почна да се прикажува филмот „Rush“, посветен на животот на Лауда. Амбициозен и опседнат со најситните детали. Но, за разлика од својот претходник, Фетел е пријатен и симпатичен млад човек.

Освен тоа, веќе сега, со 26 години, Фетел го надмина Лауда. Со победата на Големата награда на Индија, возачот од германската провинција стана најмладиот возач во историјата на Формула 1 кој успеал четирипати едноподруго да го освои шампионатот.
Според широко распространетото мислење, најзаслужна за големите успеси на Фетел е неговата одлична соработка со тимот на Ред Бул.
За разлика од некои свои колеги, Фетел својот приватен живот го држи далеку од очите на јавноста и времето најчесто го минува повлечен во преуредената поранешна воденица во швајцарскиот Елигзхаузен, каде живее со љубовта од училишните денови – Хана Пратер. Неговите почетоци можат да се споредат со почетоците на неговиот славен земјак, Михаел Шумахер, кој исто така од мали нозе возел картинг во локалниот клуб.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top