Шахот како древен спорт не смее да згасне во Струга. Посебно имајќи го во предвид фактот што во овој спорт, на светската сцена редовно се спомнува името на врвната шахистка Габриела Коскоска, која потекнува од Струга. Јуниорската лига на шаховски школи започнува утре ВО Струга, а настанот во телефонска изјава го најави Коскоска. Таа кажа дека максимално се заложиле за учество на млади вљубеници на овој спорт,од кои очекуваат да ги покажат својте квалитети.
Коскоска за ТВМ, свој осврт даде и На неодамна одржаната шаховска олимпијада во Русија.
Шахот како и останатите спортови во Македонија се наоѓа во финансиска криза, вели Коскоска. Додава дека во иднина рачунаат на голема соработка од страна на спонзорите вљубеници во овој спорт, како шахот би застанал на здрави нозе.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град