Стоунер прв на тренингот во Катар

Возачот на Дукати, Кејси Стоунер имаше најбрзо време на првиот тренинг пред првата трка за оваа сезона, Големата награда на Катар.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kejsi Stouner
Кејси Стоунер

Возачот на Дукати, Кејси Стоунер имаше најбрзо време на првиот тренинг пред првата трка за оваа сезона, Големата награда на Катар.

Австралијанецот под рефлектори извози најдобар круг на патеката „Лосаил“ за време од 1:57.053 минути, којза 0,386 секунди беше побрз од актуелниот шампион Валентино Роси, со Јамаха. Трет беше Едвард Колинс возачот на Монстер Јамаха тех 3.

Kejsi StounerПокрај доминацјата на Стоунер, првиот тренинг пред почетокот на новата сезона одбележаа и проблемите на Дени Педроса, кој стигна само до 18-то последно место, со над 4 секунди заостанување зад шампионот. Резултатите на младиот шпанец зборуваат дека сеуште не е во целост опоравен од повредата на коленото, повреда која во прашање го носесеше и самото негово учество во Катар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top