Британската влада со засилени мерките на контрола ќе ги спречи фудбалските хулигани да отпатуваат во Јужна Африка за време на Светското првенство во фудбал.
Британската влада со засилени мерките на контрола ќе ги спречи фудбалските хулигани да отпатуваат во Јужна Африка за време на Светското првенство во фудбал.
Се претпоставува дека со овие засилени мерки, околу 3.200 навивачи ќе добијат забрана да гледаат фудбалски натпревари во живо на претстојното првенство.
Хулиганите веќе имаат обврска да ги предадат пасошите пред секој натпревар на репрезентацијата, но британското министерство за внатрешни работи соопшти дека владата ќе воведе „контролен период“ за да го продолжи времето на забрана за патување на хулиганите.
Бројот на уапсени англиски хулигани опадна за околу два отсто во текот на измината година, а најголемиот број на апсења беше за нарушување јавниот ред и мир, предизвикување на инциденти во алкохолизирана состојба но и за препродавање на влезници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град