Познатиот англиски фудбалски репрезентативец и капитен на „Ливерпул“, Стивен Џерард (28) е уапсен во Саутпорт, соопшти британската полиција.
Познатиот англиски фудбалски репрезентативец и капитен на „Ливерпул“, Стивен Џерард (28) е уапсен во Саутпорт, соопшти британската полиција.
Џерард е уапсен под сомнение дека учествувал во физички напад и насилство во еден локален паб. Заедно со него се уапсени уште пет други лица.
Еден маж на возраст од 34 години, кој учествувал во инцидентот, е префрлен во болница со повреди на лицето. Претставник на болницата соопшти дека тој не се наоѓа во животна опасност.
Фудбалскиот клуб Ливерпул одби да го коментира соопштението на полицијата и најави дека ќе издаде свое соопштени подоцна за апсењето на својата фудбалска звезда.
Џерард е мошне популарен и омилен спортист не само во Ливерпул, во чии истоимен клуб членува уште од својата осма година, туку и во пошироката околина на градот, од каде потекнува и каде ги има направено првите чекори со фудбалската топка.
Инцидентот во Саутпорт се случил само неколку часови по враќањето на екипата на „Ливерпул“ од Њукастл каде Стивен Џерард беше еден од најдобрите во победничкиот состав на неговот клуб.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град