Сестринско финале на Вимблдон

Американско-руската полуфинална пресметка на Вимблдон им припаднаа на сестрите Вилијамс.

 |  Крсте Голабовски  | 
sestri Vilijams
сестри Вилијамс

Американско-руската полуфинална пресметка на Вимблдон им припаднаа на сестрите Вилијамс

Втората носителка Серена Вилијамс во меч полн со пресврти ја совлада четвртата носителка на турнирот Елена Дементиева.

Иако првиот сет и припадна на руската тенисерка со 7:6, сепак во вториот, Американката успеа да се врати во игра откако истиот го доби со 7:5.

sestri VilijamsВо решавачкиот трет сет, Дементиева на два пати пропушти меч топка за место во големото финале, а сетот Серена Вилијамс го доби со 8:6 со што обезбеди место во финалето и тоа сестринско.

Во финалето Серена ќе игра против својата сестра Венус.

Бранителката на трофејот од ланската годниа, Венус експресно за само 51-на минута ја совлада првата фаворитка Динара Сафина, притоа препуштајќи и само еден гем и тоа во првиот сет.

Женското финале на програмата е в сабота, а утре се играат полуфиналните натпревари во машка конкуренција.

Се среќаваат: Швајцарецот Роже Федерер со Томи Хас од Германија и домашниот тенисер Енди Мареј против Американецот Енди Родик.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top