Американско-руската полуфинална пресметка на Вимблдон им припаднаа на сестрите Вилијамс.
Американско-руската полуфинална пресметка на Вимблдон им припаднаа на сестрите Вилијамс
Втората носителка Серена Вилијамс во меч полн со пресврти ја совлада четвртата носителка на турнирот Елена Дементиева.
Иако првиот сет и припадна на руската тенисерка со 7:6, сепак во вториот, Американката успеа да се врати во игра откако истиот го доби со 7:5.
Во решавачкиот трет сет, Дементиева на два пати пропушти меч топка за место во големото финале, а сетот Серена Вилијамс го доби со 8:6 со што обезбеди место во финалето и тоа сестринско.
Во финалето Серена ќе игра против својата сестра Венус.
Бранителката на трофејот од ланската годниа, Венус експресно за само 51-на минута ја совлада првата фаворитка Динара Сафина, притоа препуштајќи и само еден гем и тоа во првиот сет.
Женското финале на програмата е в сабота, а утре се играат полуфиналните натпревари во машка конкуренција.
Се среќаваат: Швајцарецот Роже Федерер со Томи Хас од Германија и домашниот тенисер Енди Мареј против Американецот Енди Родик.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град