Седум екипи поделени во две групи ќе се натпреваруваат на 39-тиот меѓународен ракометен турнир, “СТРУГА 2011“ што започнува денеска во градот на охридското крајбрежје.
Турнирот ќе се одржи од 24 – 27 август на отвореното ракометно игралиште во Струга, јави Охридњуз.
Овогодишното 39 – то издание на струшки турнир повторно ќе биде од меѓународен карактер со што ќе се задржи квалитетот на турнирот.
Во првата група ќе бидат бранителот на трофејот и десеткратниот првак Пелистер, Металург Јуниор и српскиот Обилиќ. Во втората група ќе играат домаќинот Струга, бугарскиот Спартак од Варна, Борец од Велес и младинската репрезентација на Турција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град