Спортските настани кои оваа година се интензивираа како никогаш до сега продолжуваат со несмалено темпо и во овие последни
августовски денови.
Спортските настани кои оваа година се интензивираа како никогаш до сега продолжуваат со несмалено темпо и во овие последни августовски денови. Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори домаќин на два спортски настани кои се од интернационален карактер.
Имено од 27 до 31 август на тениските терени на СРЦ Билјанини Извори се одржа тениско првенство за медицински лица на кое учествуваа околу 100 доктори/медицински персонал од 10 држави од Балканот. Од 30 август до 2 септември спортската сала Билјанини Извори беше домаќин на Балканското првенство во бадмингтон за сениори.
На првенството учествуваа на 120 бадмингтон играчи од 10 Балкански држави. Натпреварите се одржуваат секој ден од 10 – 18 часот. Финалните натпревари се закажани за недела 2 септември така што ЈП Билјанини Извори ги покануваат сите љубители на бадмингтонот да бидат дел од интересните спортски збиднувања за време на првенството во Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град