Спротот и спортистите цели, на тероризмот

Во минатонеделниот терористички напад во Лахоре, Пакистан, врз репрезентацијата на Шри Ланка во крикет беа убиени седум лица.

 |  Крсте Голабовски  | 
zrtvi
жртви

Во минатонеделниот терористички напад во Лахоре, Пакистан, врз репрезентацијата на Шри Ланка во крикет беа убиени седум лица.

 

Минатонеделниот терористички напад во пакистанскиот град Лахоре врз репрезентативците на Шри Ланка во крикет, во кој беа убиени седум лица и судирите меѓу Арапите и полицијата во Малме во пресрет на Дејвис куп мечот меѓу Шведска и Израел уште еднаш потврдија дека спортот е средство за пренесување на политички пораки на чии жртви јавноста е пречувствителна.

Вестите за жртви во политички, верски и меѓуетнички судири секојдневно пристигнуваат од сите краеви на светот. Малку кој реагира на нив освен во статистичкото заведување. Но, кога страдаат деца или спортисти, јавноста се сензибилизира бидејќи станува збор за потполно невини жртви. Така беше минатата недела во Лахоре каде се случи атентат на крикет репрезентативците на Шри Ланка. Во нападот, што е најважно, воопшто не настрдаа спортисти, туку само лица кои што ги следеа и тоа локални полицајци кои ги обезбедуваа. Бидејќи станува збор за атентат врз спортисти – веста експресно го обиколи светот и беше објавена на сите ТВ станици.

За жал тоа е само еден во низата нереди на спортските терени кои се врзани со политиката. Минатиот викенд во Малме играа тениските репрезентации на Шведска и на Израел. Поради стравувањата од ескалација на протестите против израелската офанзива во појасот Газа, организаторот одлучи да нема гледачи на трибините. Арапите, наместо во салата, протестираа пред неа и се судрија со локалната полиција, а за безбедноста на израелските тенисери се грижеа повеќе од 1.000 шведски полицајци. Израел ја совлада Шведска со 3:2, но сигурно повпечатлив од спортскиот момент беше тоа што се случуваше пред салата.

Во пресрет на Олимписките игри во Пекинг, во време кога факелот со олимпискиот оган, симбол на мирот, го обиколуваше светот, бевме сведоци на чести обиди за негово гаснење. Во акцијата против Кина се вклучија бројни актерски и музички ѕвезди, но и обични луѓе кои се залагаат за почитување на човековите права во Тибет. Кинеските власти и сите членови на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги игнорираа сите напади бидејќи во случајот поважен им беше профитот отколку борбата за нечии права. За среќа немаше човечки жртви од причина што Кина му посвети големо внимание на тој дел испраќајќи ги во небото своите воени авиони, но и сателити.

Една од најголемите трагедии на спортските натпреварувања, кои се поврзуваат со политички делувања, секако е акцијата на палестинските екстремисти кои на Олимписките игри во Минхен во 1972 година влегоа во олимпиското село и убија 11 израелски спортисти.

Оттогаш на Олимпијадите нема жртви, но и тоа како се почувствува влијанието на политиката во нив. На Игрите во Монтреал во 1976 година не учествуваа спортисти од Африка. Се решија на бојкот затоа што ИОК дозволи настап на претставници на Нов Зеланд кои во текот на годината одржуваа спортски натпреваро со расистичка Јужна Африка. На Игрите во Москва во 1980 година следеше „блоковско“ игнорирање на САД, а земјите од Варшавскиот пакт, со исклучок на Романија, предводени од тогашниот СССР, ги заобиколија Игрите во Лос Анџелес во 1984 година.

 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top