Спорот за името повторно вмеша прсти во спортот

Грчката делегација вклучи аларм против користење на уставното име на Македонија на Европското првенство во борење кое се одвива во Финска.

 |  Голабовски Крсте  | 
борење
borenje

Грчката делегација вклучи аларм против користење на уставното име на Македонија на Европското првенство во борење кое се одвива во Финска.

borenjeКапитенот на грчката делегација Панајотис Векри поднел приговор до Европската федерација поради именување на македонскиот тим под името Македонија, а не под привремената референца ФИРОМ. „Приговор до органите на Европската боречка федерација по повод името на БЈРМ за време на Европското првенство кое почна во Финска поднесе грчката делегација. Капитенот на тимот и член на Управниот одбор на Грчката боречка федерација, Панајотис Векрис поднесе приговор, бидејќи и за време на Генералното собрание и за време на натпреварите, организаторите го користеа името „Македонија“, наместо ПЈРМ како што е името на државата заведено во Обединетите Нации“, стои во соопштението на грчката делегација.

Ова не е прв пат на спортски настани да се крене врева и да се бара од грчка страна организаторите на одреден настан да го корегираат однесувањето и да ја користат референцата ПЈРМ наместо само името Република Македонија. Ваквите чекори дури и во грчки академски кругови се сметаат како здодевни и смешни и се сигнал како грчката и македонската страна одново и одново и додеваат на меѓународната јавност со спорот за името.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top