Селекторот на шпанската тениска репрезентација Емилио Санчез Викарио најави дека се повлекува од должноста, еден ден после освојувањето на титулата во Дејвис купот.
Селекторот на шпанската тениска репрезентација Емилио Санчез Викарио најави дека се повлекува од должноста, еден ден после освојувањето на титулата во Дејвис купот.
Викарио изјави дека со победата над Аргентина во финалето ја завршил својата мисија и дека нема да го предводи тимот кога шпанија во март следната година ќе се сретне со Србија во почетниот циклус од натпреварувањето.
„Започнав еден циклус пред три години и сега тоа заврши. Оваа титула е награда за сите играчи и се надевам дека мојот наследник исто така ќе има голем успех“, изјави Викарио.
Главен кандидат за да го наследи е поранешниот шампион на Роланд гарос, 33 годишниот Алберто Коста, пренесуваат шпанските спортски весници. Коста беше член на претходната шпанска генерација тенисери од 2000 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град