Се повеќе сомнителни мечеви на тениските терени, а во таа категорија спаѓа и оној од АТП турнирот во Штутгарт минатата недела меѓу Оскар Хернандез и Јанко Типсаревиќ.
Се повеќе сомнителни мечеви на тениските терени, а во таа категорија спаѓа и оној од АТП турнирот во Штутгарт минатата недела меѓу Оскар Хернандез и Јанко Типсаревиќ.
Комисијата за интегритет на тенисот доби повици од две светски многу силни обложувалници (Вилијам Хил и Бетфер) дека за мечот меѓу Шпанецот и Србинот имало многу големи уплати и сите оделе во еден правец. Се уплатувало на победа на Хернандез, како на 2:0 во сетови така и за обична победа.
Инаку, мечот заврши со победа на Оскар Хернандез со 6:4 и 6:4. И покрај тоа што Типсаревиќ е послабо рангиран од Хернандез на АТП-скалата, предвидувањата на обложувалниците беа такви што Типсаревиќ беше фаворит (коефициентот беше меѓу 1,65 и 1,75), додека за победа на Хернандез од 2:0 во сетови коефициентот беше околу 3.80.
Обложувалниците се решиле да ги стопираат исплатите на добивките на оваа двојка, а Комисијата за интегритет на тенисот објави дека ќе го анализира мечот, истовремено и уште два други кои отворија многу сомнежи. Еден е оној од Вимблдон меѓу Мелцер и Вејн Одесник, а вториот, интересно, исто така меч во кој играше Хернандез. Во прашање е дуелот од Хертогенбош (трева) меѓу Хернандез и Австриецот Колерер.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град