Раководството на Челзи му врачи отказ на менаџерот Луис Фелипе Сколари, соопштува официјалниот сајт на клубот.
Раководството на Челзи му врачи отказ на менаџерот Луис Фелипе Сколари, соопштува официјалниот сајт на клубот.
Причината за отказот се слабите резултати на тимот на последните натпревари. Засега тимот ќе биде предводен од помошникот на Сколари, Реј Вилкинс.
„Луис Фелипе Сколари повеќе не е менаџер на тимот. Раководството на Челзи сака да му се заблагодари за досегашната соработка. Фелипе донесе многу позитивни струи во клубот и ние се чувствуваме малку разочарани од разделбата. Причина се лошите резултати и неисполнување на зацртаните цели од стартот на сезоната. Веќе сме во потрага по нов менаџер и се надеваме дека во најскоро време ќе гонајдеме”, стои на официјалниот сајт на „сините”.
Сколари има 60 години и на клупата на Челзи дојде минатата година, пред околу седум месеци. Пред преземањето на кормилото на лондонскиот клуб, ги предводеше националните тимови на Бразил (2001-2002) и Португалија (2003-2008).
Главни фаворити за менаџерската фотелја на Челзи се тројца италијански тренери, Роберто Манчини, кој е без ангажман, Џанфранко Ѕола од Вест Хем и Роберто Ди Матео од МК Донс.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град