Сите „Делии“ знаат кој пукал, но сите „Делии“ молчат

21 годишниот Игор Вревиќ беше застрелан на стадионот Маракана во Белград – сите кои таа вечер беа на натпреварот знаат што се случи, но сите молчат, информираат српските медиуми.

 |  Маја Савиќ  | 
navivaci
навивачи

navivaci21 годишниот Игор Вревиќ беше застрелан на стадионот Маракана во Белград – сите кои таа вечер беа на натпреварот знаат што се случи, но сите молчат, информираат српските медиуми

Српската полиција распиша потерница по Раде Дуњиќ осомничен дека за време на полуфиналниот натпревар за Купот на Србија помеѓу Црвена Звезда и ОФК Београд, пукал во 21 годишниот Игор Врелиќ

Сите кои биле приведени на информативен разговор само еден ден после настанот изјавиле дека не се сеќаваат што точно се случило на маракана.

Прегледани се и видо материјалите од камерите поставени на стадионот испрашани се сите кои биле во близина на инцидентот, но одговорот е ист – никој не се сеќава. Полицијата извршила информативен разговор и со комесарот задолжен за безбедност на стадионот Стево Павловиќ.

Осомничениот Дулиќ и е познат на српската полиција, а против него досега биле поднесувани кривични пријави за дрога, разбојништво, насилничко однесување. Тој е еден од водачите на навивачката група на Звезда наречена „Хиени“, а познат е по тоа што bил особено насилен кон останатите групи на „Делиите“.

Ранетиот Вревиќ исто така има криминално досие и бил познат по неговото навивачко хулиганство.

Настанот на најголемиот стадион во овој дел од Европа, Маракана, повторно го алармира српското општество за почнување на борба против хулиганството на фудбалските натпревари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top