Синиша Михајловиќ нов тренер на Интер?

Претседателот на Интер, Масимо Морати постигнал договор со тренерот на Фиорентина Синиша Михајловиќ, пишуваат италијанските медиуми.

 |  Маја Савиќ  | 
Sinisha Mihajlovic
Синиша Михајловиќ

Sinisha MihajlovicПретседателот на Интер, Масимо Морати постигнал договор со тренерот на Фиорентина Синиша Михајловиќ, пишуваат италијанските медиуми.

Според „Кориере дело Спорт“, тренерот од Србија ќе го замени Леонардо, откако „нероазурите“ не се договорија со Марсело Биелса.

Познато е дека Морати многу го цени Михајловиќ кој по завршувањето на играчката кариерата му беше помошник на Роберто Манчини во Интер, со кого го одведоа клубот од Милано до првата титула во Серија А по 18 години.

По тренерската позиција во Болоња и Катанија, Михајловиќ се пресели во Фиренца, а ако прејде во Интер, како негова замена во Фиорентина, се споменува Делио Роси, кој исто така е еден од кандидатите за тренер на Интер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top