Сеуште подобра со гудалото во рака, отколку со скиите под себе

Женскиот велеслалом донесе и една необична натпреварувачка во Сочи – виолинскиот виртуоз Ванеса Меј, која стана првата скијачка од Тајланд со олимписки настап. 35-годишната Меј, која е родена во Сингапур, а растена во Велика Британија, настапи за нацијата на нејзиниот татко и го освои 67. последно место со 3 минути и 26.97 секунди, за 50.10 послабо од Мазе.

 |  Голабовски Крсте  | 
Vanessa mae
Ванеса Ме

Женскиот велеслалом донесе и една необична натпреварувачка во Сочи – виолинскиот виртуоз Ванеса Меј, која стана првата скијачка од Тајланд со олимписки настап. 35-годишната Меј, која е родена во Сингапур, а растена во Велика Британија, настапи за нацијата на нејзиниот татко и го освои 67. последно место со 3 минути и 26.97 секунди, за 50.10 послабо од Мазе.

Vanessa maeНејзиниот нервозен, конзервативен стил на скијање беше во целосна спротивност со тој на елитните скијачи, но барем ја заврши трката за разлика од 22 од првите 89 скијачки на патеката.

„Очекував да бидам последна, но Олимпијадата е огромна можност. За малку ќе паднев трипати, но тоа не е важно. Јас сум девојка која остава сe за последен момент, така што за Олимпијадата се решив само пред шест месеци. Целта ми беше да се забавувам, да го подобрам моето скијање и да го претставувам Тајланд“, изјави Мае, која на Олимпијадата настапи под името Ванеса Ванаком.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top