Шест години затвор за Мохамед Зидан

Поранешниот фудбалер на Вердер, Мајнц, Хамбургер и Борусија Дортмунд, Мохамед Зидан е осуден на шест години затвор во Египет поради измама на компанија при купување на недвижен имот.

 |  Голабовски Крсте  | 
Mohamed Zidan
Мохамед Зидан

Поранешниот фудбалер на Вердер, Мајнц, Хамбургер и Борусија Дортмунд, Мохамед Зидан е осуден на шест години затвор во Египет поради измама на компанија при купување на недвижен имот.

Mohamed ZidanСпоред информациите на весникот „Ал Ахрам“, Зидан издал три чека со голем износ, со кои се обидел да ја измами египетската компанија за недвижности.

Египјанецот во најсилната лига во Германија од 2005 до 2012 забележа 155 настапи и постигна 47 погодоци, а во почетокот на оваа година ја заврши својата фудбалска кариера. Зидан во сезоната 2012/2013 играше во Обединетите Арапски Емирари во клубот Банијас, а потоа работеше и за спортската редакција на телевизијата „Ал Џазеира“. Во 2008 и 2010 година беше првак на Африка со Египет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top