Сензацијата Содерлинг

АТП ги избра најголемите изненадувања, па триумфот на швеѓанецот над Рафаел Надал во осмина финалето на Ролан Гарос несомнено е прогласен за најголемото тениско изненадување за оваа година.

 |  Голабовски Крсте  | 
Soderling
Содерлинг

АТП ги избра најголемите изненадувања, па триумфот на швеѓанецот над Рафаел Надал во осмина финалето на Ролан Гарос несомнено е прогласен за најголемото тениско изненадување за оваа година.

SoderlingШвеѓанецот ја прекина неверојатната низа на „кралот на песокот“, подоцна стигна и до финалето, во кое беше поразен од Роџер Федерер, и со тоа означи почеток на вртоглавото издигнување.

Потоа на листата ТОП 5 следат двата дуела од УС Опен. На второто место се најде успехот на дебитантот во грен слем финалињата Хуан Мартин дел Потро, кој стигна до титулата преку Федерер, а на третото Марин Чилиќ, кој го елиминира Енди Мареј во осмина финалето.

Новак Џоковиќ и Филип Колшрајбер се четврти. Најдобриот српски тенисер имаше големи амбиции на Ролан Гарос, одлично го започна мечот од 3-то коло, но одеднаш застана, што германецот знаеше да го искористи и да го елиминира Џоковиќ од турнирот.

На петтата позиција е победата на Жо-Вилфред Цонга над Федерер во четвртфиналето од Роџерс Купот во Монтреал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top