Се помали шансите за второ место во квалификациската група

Македонија значително си ги намали шансите за освојување на второто место во 9. квалификациска група за Светското првенство 2010 бидејќи вечерва освои само еден бод играјќи нерешено со Норвешка (0:0).

 |  Крсте Голабовски  | 
Mirsad Jonuz
Мирсад Јонуз

Македонија значително си ги намали шансите за освојување на второто место во 9. квалификациска група за Светското првенство 2010 бидејќи вечерва освои само еден бод играјќи нерешено со Норвешка (0:0).

Македонската репрезентацијата добро го отвори натпреварот. Првите 20-ина минути целосно ја имаше контролата врз играта и иницијативата што резултираше со неколку полушанси. Норвежаните дури во вториот дел од првото полувреме воспоставија рамнотежа и поконкретно се заканија кон голот на Јане Николовски. Во 31. минута Пандев погрешно проигра на средината на теренот, Карју случајно дојде до топката, но при обидот да лобува Николовски фрли во корнер. Најголемата шанса на натпреварот ја имаше најдобриот норвешки репрезентативец Џон Карју во 34. минута. Тогаш Величе Шумуликоски направи голема грешка кога буквално го проигра противничкиот играч кој елегантно се ослободи од Митревски, а потоа и од Грнчаров, излезе сам пред Николовски, но македонскиот голман спаси сигурно водство на гостите со извонредна одбрана.

reprezentacijaВториот дел помина без поголеми возбудување, во игра меѓу два шеснаесетика. Ниту трите направени измени во двете селекции не донесоа промена на резултатот. Македонија најголемата шанса ја имаше преку резервистот Стевица Ристиќ во 87. минута кога од десет метри место топката ја погоди главата на гостинскиот одбранбен играч.
Двата селектори не беа задоволни од постигнатиот резултат.

– Немав многу време целосно да ја поставам играта на нашата репрезентација како што сакам. Мислам дека играчите од средниот ред неколкупати доцнеа во додавањата кон нашите шпиц играчи. Нашите репрезентативци се изморени и исцрпени бидејќи во клубовите кај што играат првенствата само што завршија. Задоволен сум од сите играчи што настапија, а резултатот е реален, изјави по натпреварот селекторот на македонската репрезентација Мирсад Јонуз.

Гостинскиот селектор искажа незадоволство од играта на неговата репрезентација, а посебно од резултатот за кој мисли дека ги намалува шансите на двете репрезентации за пласман во баражот.

Натпреварот се одигра на националната арена „Филип Втори“, а го следеа околу осум илјади гледачи.
На табелата Холандија е прва со 15 бода, Шкотска – 7, Македонија и Исланд по 4, а Норвешка 3 бода.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top