Се е подготвено за Илинденската регата

Од 31 јули до 2.август во водите на Охридското Езеро ќе се одржи 43. традиционална Меѓународна Илинденска едриличарска регата.

 |  Татјана Маленкова  | 
edrilici
едрилици

Официјалниот старт на регатата на кој се очекува да учествуваат преку 100 едрилици од Македонија, Србија, Абанија , Црна Гора и Турција ќе биде на 31 јули (недела) во 10.30 минути. Од ЕКлубови Бофор и Стрмец одамна се одржуваат подготовки за регатата, со цел нашите екипи да се покажат во најдобро светло. Дел од учесниците задоволни од досегешниот тек на подготовки.

Веќе неколку денови во Охрид финалните подготовки з арегатата ги прават и екипи од Србија, поточно натпреварувачите од Едриличарскиот клуб од Ниш.
Претседателот на клубот Зоран Радосавлевиќ за ТВМ вели дека на Илинденската регата доаѓаат традицонално. Тој додава дека со клубовите од Охрид имаат одлична соработка и дека се горди што токму со Охридските клубови беа едни од иницијаторите за да се формира балканска едриличасрака федерација во рамките на меѓународно поврзување.

„ Донесовме десетина едриличари, во класата 470 оптимист и две во Европа. Неколку дена сме веќе на подготовки секој ден имаме тренинг, максимално го користиме времето, после ова ни престојат подготовки и во нашиот центар за европското првенство, така да овие клубски подготовки ни се повеќе од добродојдени“, вели Радосавлевиќ.

Претседателот на ЕК Бофор Стефан  Ставрев вели дека до овој момнт веќе е пријавено учеството на регатата од Србија и тоа пет клубови во сите класи, од Албанија – два екипажи и дека во момент се чека финалното изјаснување на екипите од Црна Гора. Сеуште не е извесно учеството на клубовите од Бугарија и Турција.

„ Оваа година по селективно беа испратени покани до нашите соседи, беа поканети и Грците од каде во моментов немаме одговор што незначи дека до 30 нема да има поврда. Од Охридските клубови од Бофор најбројни се во класата „Оптимист“ класата „Европа“ и „Ласер 4.7“ ќе имаме и преставник и во класата „470“ тоа е за двајца,. Со еден збор сите единици во центарот ќе учествуват на регатата“, вели Ставрев.

Ставрев додава дека цело лето  во клубот се работи за да едриличарите се покажат во најдобро светло за Илинденската регата. „Пред ова имавме континуирано гостување на неколку регати надвор од земјава, каде едриличарите стакнаа искуства. Беа во Турција во Текирдак, каде едреа во море во поинакви услови, беа во Херцег Нови, на првенството на југоисточна Европа на класата Оптинмист во Србија во Суботица. Овие гостувања како и секојдневните тренинзи мислам дека допринесат да имаме резултати“, вели Ставрев.

Илинденската регата официјално ќе започне во недела, а Ден пред официјалниот старт на регатата во сабота од 10 до 14 часот во Центарот за Едрење во Охрид, ќе се одржи крводарителска акција во организација на двата едрилицарски клуба БОФОР и СТРМЕЦ од Охрид во соработка со Црвен крст од Охрид.

Свеченото затварање и доделувањето на медаљи е планирано за 2-ри август од 18 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top