Развод вреден 300 милиони доалри

Сопругата на најдобриот голфер на светот Тајгер Вудс, бившата манекенка Елин Нордегрин со разводот ќе добие 300 милиони долари.

 |  Крсте Голабовски  | 
Tiger Woods
Tajгер Вудс

Сопругата на најдобриот голфер на светот Тајгер Вудс, бившата манекенка Елин Нордегрин со разводот ќе добие 300 милиони долари.

Tiger WoodsСпоред предбрачниот договор, таа за разводот може да добие рекордни 300 милиони долари, со што двојно би го надминала рекордот на славните спортисти што долго го држеше сопругата на Џордан, Хуанита.

Овој брачен пар веќе со денови е на насловните страници на американските медиуми затоа што славниот голфер ја признал прељубата.

Вудс поседува вила вредна 2,6 милиони долари, десет пати поскапа јахта, 22 милиони и дворец на Јупитер Ајленд, вреден 39 милиони.

Разводот на првиот голфер на светот им задава главоболки и на шефовите на Џилет, бидејќи нивните заштитни лица Тјери Анри и Тајгер Вудс минатиот месец прилично ги „закашкале“ работите, па им остана само Роџер Федерер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top