Русија ги укина визите за спортистите

Домаќините на Зимските олимписки игри во 2014 година ги укинаа визите за спортистите и спортските работници кои ќе доаѓаат во оваа земја на меѓународни натпреварувања.

 |  Голабовски Крсте  | 
олимписки русија
olimpiski rusija

Домаќините на Зимските олимписки игри во 2014 година ги укинаа визите за спортистите и спортските работници кои ќе доаѓаат во оваа земја на меѓународни натпреварувања.

маскотиПретседателот на Руската федерација, Владимир Путин, ја потпишал уредбата со која на учесниците на спортските натпреварувања им се дозволува влез во земјата без барање за виза. Ваквиот безвизен режим ќе важи за тренери, спортски судии и членови на странските делегации. Во указот се наведува дека спортистите ќе можат да влезат во Русија со акредитацијата која ја издава организаторот на натпреварувањето.

Покрај ЗОИ 2014, во Русија од следната година ќе се организира и трка од Светското првенство на Формула 1, Светското првенство во атлетика, Универзијадата, а круна ќе биде Светското фудбалско првенство во 2018 година. Само за потребите на ЗОИ се инвестирани 17 милијарди долари во инфраструктурата на Сочи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top