Роси прв во Мото ГП

Светскиот шампион во Мото ГП, Валентино Роси, ја почна трката во Херез за Големата награда на Шпанија во мотоциклизам од четвртото место, за на крајот со кренати раце да ја прослави својата прва победа сезонава.

 |  Крсте Голабовски  | 
Valentino Rosi
Валентино Роси

Светскиот шампион во Мото ГП, Валентино Роси, ја почна трката во Херез за Големата награда на Шпанија во мотоциклизам од четвртото место, за на крајот со кренати раце да ја прослави својата прва победа сезонава.

Возачот на Јамаха го престигна водечкиот Дани Педроса десет круга до крајот и подоцна ја заврши трката од 27 круга со предност од 2,7 секунди во однос на Шпанецот. Австралиецот Кејси Стоунер од Дукати го зазеде третото место.

Победата го искачи Роси на врвот на табелата во најсилната мотоциклистичка класа со вкупно 65 поени од првите три трки сезонава. Стоунер е втор со 54, а Педроса го дели третото место со сонародникот и тимски колега на Роси, Хорхе Лоренсо. Обајцата имаат по 41 бод.

Valentino RosiЛоренсо, кој беше лидер во шампионатот по победата во Јапонија, се излизга од патеката при крајот на трката додека се обидуваше да го стигне Стоунер и беше принуден да се откаже.

Британецот Бредли Смит во 50. обид ја забележа својата прва победа во класата до 125 ксм. Сега 18-годишниот возач на Априлија има само еден поен помалку од лидерот во вкупниот поредок Андреа Јаноне од Италија. Тој тргна од втората позиција, а трката ја заврши 13 секунди пред тимскиот колега Серхио Гадеа од Шпанија. Се’ до минатата година, кога 15-годишниот Скот Рединг триумфира во домашното гран-при во Донингтон Парк, Велика Британија немаше победник во најслабата класа уште од победата на Чес Мортимер во Шпанија 1973.

Јапонецот Хироши Аојама со својата „хонда“ беше најбрз во класата до 250 ксм, пред Шпанецот Алваро Баутиста со „априлија“ и Италијанецот Марко Симончели со „џилера“. Во генералниот пласман води Аојама со 58 бода, четири повеќе од Баутиста, а трет е Шпанецот Ектор Барбера од Априлија со 43, кој во Херез го освои четвртото место.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top