Валентино Роси е на “седмо небо” по како што самиот кажа, една од неговите најдобри победи, и оди на посебен рекорд – 100 победи на Холандското ТТ во Асен овој викенд.
Валентино Роси е на “седмо небо” по како што самиот кажа, една од неговите најдобри победи, и оди на посебен рекорд – 100 победи на Холандското ТТ во Асен овој викенд.
Актуелниот шампион е вклучен во трикратна битка за лидерското место во генерален пласман по неговата фантастична победа над својот тимски колега од Фиат Јамаха, Хорхе Лоренцо на Каталонското ГП и тоа во последната кривина. Лоренцо и светскиот шампион Кејси Стонер се израмнети со Роси на 106 поени пред седмата трка од сезоната во Асен.
“Асен е посебна патека за сите возачи и е прекрасно место да се вози Мото ГП мотоцикл, иако беше подобро пред да ја сменат патеката. По Барселона знаеме колку сме силни, но знаеме и колку нашите ривали се моќни и не смееме да се опуштиме. Монтмело беше фантастична трка за нас, една од моите најдобри победи, но шампионатот е толку тесен што не смеам да се опуштам ниту една секунда”, вели Роси.
Битката е толку тесна што водечкото трио има по две победи во шесте трки досега, а Лоренцо има посебна причина да биде самоуверен откако имаше две втори места и победа во последните три трки.
“Фантастична серија за мене, и скоро не ми се верува. Сега како да почнува шампионатот од почеток бидејќи тројцата сме на исто поени. Асен е мојата омилена патека и таму одам со голема самодоверба и многу мотивација. Лани бев само шести и морам да бидам подобар од тоа. Подиум би бил прекрасен”, вели Шпанецот, кој само во својата втора Мото ГП сезона се покажува како достоен ривал за Роси и Стонер.
Традиционално Холандското ТТ се оддржува во последната сабота од јуни.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град