Шефот на Браун ГП, Рос Браун, е оптимистички расположен околу шансите на неговиот тим да се бори за врвот на Унгарското ГП по, како што самиот кажа, двете фрустрирачки трки во Силверстоун и Нирнбургринг.
Шефот на Браун ГП, Рос Браун, е оптимистички расположен околу шансите на неговиот тим да се бори за врвот на Унгарското ГП по, како што самиот кажа, двете фрустрирачки трки во Силверстоун и Нирнбургринг.
Тимот и лидерот во генерален пласман Џенсон Батон ја загубија огромната предност на двете трки, откако ривалите од Ред Бул беа едноставно недостижни на двете трки.
Браун се мачеше со ниските температури на патеките, по што Батон беше само шести и петти, додека во исто време Ред Бул оствари две 1-2 победи. Рос Браун инсистира дека невообичаено ниските температури се главната причина за слабите перформанси, а очекува во Унгарија овој викенд да има добра можност Батон и Рубенс Баричело да се борат за победа.
“Последните трки во Силверстоун и Нирнбургринг беа фрустрирачки за тимот бидејќи не успеавме да го достигнеме вистинскиот потенцијал на нашиот болид, додека ривалите направија голем чекор напред. Но, сигурни сме дека перформансите на БГП001 кои се покажаа во првиот дел од сезоната не исчезнаа и дека проблемите ќе бидат надминати. Знаеме дека можеме и далеку подобро. За Будимпешта имаме големо подобрување на аеродинамиката и ќе мораме да продолжиме со вакво темпо до крајот на сезоната. Сигурен сум дека ќе останеме лидери до крајот”, вели Браун.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град