Фудбалерите и Роналдо како ѕвезда беа како Џон Рамбо, облечени во максирни униформи и офарбани по лицето, како да ќе одат во ослободителна мисија од филмовите на познатиот холивудски глумец Силвестер Сталоне. Играчите беа потполно непретпознатливи, освен по копачките кои ги носеа како единствен дел од фудбалската опрема.
Португалците тренирале под команда на војните сили на својата земја, а имале тренинзи кои се користат само во војска. Значи биле под „жесток оган“ на претпоставените, па покрај склекови тренираа и во полна воена опрена, со пучки кои се користат за пеинт-бол.
Сето ова било со цел фудбалерите да добијат повеќе на зголемување на воениот дух и на подигнување на адреналинот, како и на подобрување на физичката подготовка. Колку ќе биде сето ова плодно, ќе покажат првите десетина дена, затоа што Португалците се во групата на смртта, со петкратниот светски првак Бразил и со Брегот на Слоновата Коска, предводена од Дидие Дрогба. Аутсајдер е нормално Северна Кореја, селекцијата со најслаб рејтинг во историјата на Мундијалите – 102 место.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град