Рог лобира за рагби на ОИ

Претседателот на МОК Жак Рог, потврди дека ја поддржува иницијативата, рагбито да влезе во семејството на олимписки спортови за ЛОИ во 2016 година, но потсети дека тој нема право во донесување на таа одлука.

 |  Крсте Голабовски  | 
Zak Rog
Жак Рог

Претседателот на МОК Жак Рог, потврди дека ја поддржува иницијативата, рагбито да влезе во семејството на олимписки спортови за ЛОИ во 2016 година, но потсети дека тој нема право во донесување на таа одлука.

За време на посетата на Нов Зеланд, Рог изјави дека како поранешен рагби играч би сакал да ги види натпреварите во тој спорт на Игрите во 2016 година.

„Би сакал рагбито да стане олимписки спорт. Ја поддржувам таа идеја, но немам право да гласам за тоа и не можам да учествувам во донесувањето на таа одлука“ изјави 67 годишниот белгианец.

Zak Rog Само за потсетување Рог како активен спортист бил учесник на Олимпиские игри во Мексико Сити во 1968 година, во Минхен 1972 година и Монтреал во 1976 година, како и тоа дека еден период беше и активен репрезентативец на белгискиот национален рагби тим.

МОК во октомври оваа година ќе донесе одлука кои спортови ќе бидат во прогламата на ЛОИ а освен рагбито во комбинација се и сквош, каратето, безболот, софтболот и голфот.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top