Робињо навреден

Напаѓачот на Манчестер Сити Робињо побара извинување од пеле, откако бразилската фудбалска легенда ја обвини ѕвездата дека користи дрога.

 |  Крсте Голабовски  | 
Robinho
Робињо

Напаѓачот на Манчестер Сити Робињо побара извинување од пеле, откако бразилската фудбалска легенда ја обвини ѕвездата дека користи дрога.

Пеле ги обвини Робињо и бившиот фудбалер на годината Роналдо дека користеле дрога на приватни забави во Сао Паоло.

Изјавите на Пеле се претворија во сензација во Бразилија, каде што Роналдо уште е почитувана личност, а зборот на Пеле е како „божја заповед“.

RobinhoОвие обвинувања го поставија Робињо во потемно светло, така што неговите претставници бараат извинување од кралот на фудбалот.

„Сакаме да го замолиме Пеле за формално извинување за неговите изјави, кои ги даде пред медиумите“, се вели во изјава на официјалниот сајт на Робињо.

Понатаму се додава дека ако Пеле не се извини, правдата ќе се бара на суд.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top